Детската игра заврши кобно: Едно девојче загина, друго се бори за живот откако врз нив падна голема количина на снег
Едно девојче (12) од Америка настрадало додека па друго девојче (9) се бори за живот откако над нив се срушил снег додека си играле.
Естер Јунг (12) која загина и нејзината другарка која била повредена (9) правеле куќичка од снег покрај црква, но големата количина на снег им ја претворила играта во трагедија.
Како што се наведува тамошните медиуми, тие со своите родители биле во црквата, па излегле надвор да си играат.
Кога забележале дека ги нема, членовите на семејството почнале да ги бараат, како што тврдат, еден час траела потрагата по девојчињата. Под големата количина на снег ја виделе облеката на едно од девојчињата и веднаш повикале полиција и Брза помош.
Иако помошта за брзо време пристигнала, за Естер немало спас, пишуваат тамошните медиуми, а другото девојче веднаш било пренесено во болница каде таму се опоравува од хипотермијата.