Мајка монструм – ја изгладнувала својата ќерка во хорор станот во Москва: 2 месеци притвор за Ирина Гарашченко поради обид за убиство на 5-годишното девојче!
47-годишната Ирина Гарашченко, мајка на “девојчето Могли”, како што ја нарекле медиумите Московјанката која властите ја спасиле од станот полн со ѓубре и бубашваби, се појавила денес на суд и и бил одреден двомесечен притвор.
На Гарашченко и се суди за обид за убиство на малолетна личност која се наоѓа во беспомошна состојба.
Оваа мајка монструм на сослушувањето изјавила дека целата ситуација околу неа и нејзината ќерка е провокација. Упорно тврдела дека не направила баш ништо што можело да го загрози животот на нејзината ќерка.
— Вы считаете, что вы хорошая мать?
— Я пять с половиной лет ращу ребенка одна и все для нее делаю. Я буду бороться за свою дочь.
Ирина Гаращенко, мать девочки-маугли, рассказывает в зале суда, как она переживает за своего ребенка1154:17 PM – Mar 12, 2019226 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
“Таа беше во добра состојба, не знам што се случило. Можеби ова е нечија провокација. Сакам тоа да го објаснам, но морам прво да влезам во станот…Не го видов заклучокот од докторот, сама сакам да објаснам што се случувало таму”, упорно зборувала по свое.
Во меѓувреме, лекарите и експертите се обидуваат да ја опорават и социјализираат малата Љубов, како што ја нарекле. Детето пристигнало во болница изгладнето, болно, неразвиено. Веднаш констатирале дека не знае да зборува, туку само произведува звуци, се плаши од вода и не знае што е кревет…View image on Twitter
Мать «девочки-маугли» арестовали на два месяца:https://iz.ru/855573/2019-03-12/mat-devochki-maugli-arestovali-na-dva-mesiatca …46:50 PM – Mar 12, 2019See IZ.RU’s other TweetsTwitter Ads info and privacy
“Овошјето и другата храна што и ја понудивме, прво ги помириса. Дури тогаш зема со прстињата. Беше многу вознемирувачко да се гледа тоа. Никој не ја научил да спие на кревет. Многу се мачевме додека да ја заспиеме. Многу се плаши и од вода”, рекла за “Sky News” правобранителката за деца, Ана Кузњецова.
Потсетуваме, полицијата во станот на улицата Ленинградски пат влегла на 10-ти март на повик на соседите, вознемирени што од тој стан со денови допира очаен плач на дете, но и неиздржлив мирис. Запуштеното девојче седело на ѓубре и плачело од глад. Откако полицијата го спасила детето, мајката се вратила, а соседите ја задржале до доаѓањето на полицијата. Обвинета е за обид за убиство.