Убиство во тетовско, убиен странски државјанин
Работник во еден расадник во Тетово го убил својот работодавец удирајќи го со камен по глава, соопшти тетовското обвинителство.
Како што се наведува, 45-годишниот работник во селото Прељубиште, во текот на работното време, во 13.30 часот, го убил својот работодавец, 60-годишен државјанин на Холандија сопственик на расадникот „Еуроплантс“.
Според првичните информации на обвинителството, осомничениот работник најпрво почнал да расправа, а потоа физички се пресметувал со својот работодавач и му нанел смртни повреди удирајќи го со камен по глава.