Ова видео е најпребарувано на порно сајтот Pornhub, но е неверојатно опасно
На порно сајтот Pornhub се појави нова порно снимка која за краток рок привлече многубројни посетители на страницата за возрасни и набрзо го зазеде првото место на листата на најпребарувани видеа.
Но, се утврдило дека сцената која снимката ја прикажува е всушност исклучително опасна, пренесува “Unilad”.
Станува збор за видео во кое порно актерката Тејлор Џексон и нејзиното момче, за време на возењето во Tesla X имаат секс додека автомобилот вози со помош на автопилот, без нивен надзор. Иако веќе постојат многу филмови за возрасни снимени во ризични ситуации, ова видео не само што е опасно туку може да поттикне други да го копираат – што дефинитивно не треба да го прават.
Иако Tesla моментално работи на тоа автопилотот да стане целосно “hands-free”, тој може да биде прилично опасен ако човекот не е зад воланот. Тејлор за “The Registered” раскажала како дошло до одлуката таа и партнерот да го снимат видеото додека се возеле.
“Претходно оваа година бев на пат со моето момче, а тој ме праша дали сакам да имаме секс во автомобилот за време на возењето. Двајцата мислевме дека тоа е секси, па се пошегувавме дека треба да го повториме тоа и да го објавиме видеото на Pornhub. Мислевме дека некој веќе го направил тоа пред нас, но кога проверивме, не успеавме да најдеме ниту едно такво видео. Неколку недели подоцна, се регистрирав на Pornhub, а ова видео беше едно од првите кои ги снимив”, открила протагонистката на контроверзната снимка.
Тејлор истакнува дека се впуштила во ризична ситуација, знаејќи колку може да биде опасна.
Holy shit, I made @Tesla the #1 search on pornhub.@elonmusk @xhottestchicks @Natuky85 @LegZZ69814:23 PM – May 2, 201958 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
“Имам искуства со возење на автопилот, па се чувствував безбедно. Поголемиот дел од патиштата по кои возевме беа рамни, но сепак имавме една ситуација каде удрив во воланот и со тоа го исфрлив автомобилот од автопилот режимот. Не го препорачувам ова бидејќи е многу опасно”, заклучила таа.
Дел од снимката била споделена и на официјалниот Инстаграм профил на Pornhub со опис во кои тие му се обраќаат на Илон Маск, сопственикот на Tesla:
“Го известуваме Илон дека двете раце не се на воланот додека е вклучен автопилотот”, напишале од порно сајтот.