Видео: Еве како изгледа кастинг за “Плејбој”

“Плејбој” е популарно машко списание, основано од страна на Хју Хефнер во 1953 година. Хефнер за прв пат ја лансирал т.н. “средна страница” во списанието каде се наоѓала фотографија од разголена девојка – девојка на месецот.

Прва девојка која се појавила на тие страници била Мерилин Монро, а фотографирањето за популарното списание наскоро станала престижна работа и често отскочна даска за подоцнежната успешна кариера. 

Најпознат пример на непозната девојка на месецот која подоцна станала славна е Памела Андерсон. Многу познати жени се фотографирале за насловните страници на ова списание меѓу кои се и Фара Фосет, Ана Никол Смит, Доли Партон, Синди Крафорд, Кејт Мос, Мадона, Викторија Силвстед, Парис Хилтон и многу други.

Првиот број бил отпечатен во 500 примероци, а во добата на својата најголема слава достигнал тираж од 7,5 милиони примероци. “Плејбој” е познат по квалитетните фотографии но и по интервјуата, а за да се стигне до неговите страници, девојките мора да пројдат низ кастинг кој е подеднакво “жежок” како и готовиот производ. Честопати, тие мора да покажат со што се’ располагаат.

Translate »