Снежана Николовска: жената не треба да штеди на убава фризура!

Со Снежана Николовска, професионална фризерка и шминкерка , отворивме неколку теми.

 

Кога станува збор за правилна нега на косата, што и препорачувате Вие  на една жена?

Редовно да се грижи за себе. Да не штеди на убава фризура, и врвна козметика бидејќи во спротивно губи од својата женственост и самодоверба. А кога жена е полна со себе, нема граница, што се може да направи. Жените во суштина се многу силни, само им треба мотив и поддршка.

 Што е пресудно еден клиент да се определи за конкретен фризер?

Би рекла, повеќе фактори. Колку една фризерка е вешта  и креативна, колку има искуство, од начинот како комуницира со муштериите, од тоа како самата изгледа, од тоа како изгледа салонот каде работи, и пред се од почитта кон секој клиент, да се задоволат неговите потреби.

Која е тајната на добрата фризура?

Универзална формула, не постои. Зависи од косата на клиентот, од тоа колку е квалитетна косата, како е негувана, од тоа каква козметика  користи. Кога јас работам гледам да не користам премногу шампон. „Тајната е во тоа да користите мало количество шампон и косата да ја шампонирате два пати“. Исто така, внимавам после шампонирање косата добро да ја исплакнам за да не останат траги од шампонот на темето и кожата под косата. Ова е неопходна основа. Потоа се трудам фризурата да биде прилагодена според формата на главата, тенот на лицето, и желбата на клиентот.

Што е во тренд оваа есен?

Тренд овој период се кратките фризури и вечната” боб” фризура. Од боите најзастапени се бакарните и “бејби” плавата, а од боја за прамени најпопуларни се карамел и килибар.

Изминативе неколку години сте посветени на фризерскиот занает и шминкањето, и постојаното усовршување на ова поле. Колку оваа работа Ве исполнува?

Од секогаш сум се усовршувала и ќе се усовршувам затоа што човек учи додека е жив. Фризерскиот занает и шминкањето како професија ми доаѓаат сосема природно. Редовно одам на интернационални  саеми и работилници, каде разменувам искуства со колеги од светот. Работам интензивно, ја сакам работата, така што воопшто не ми претставува тешкотија. Дополнително ме мотивираат задоволните клиенти. Со некои од нив имам децениска соработка.

Дел од клиентите Ви даваат одврзани раце кога станува збор за фризурата и шминката. Колку довербата е важна работа, за да можете како фризер комплетно да се изразите?

Морам да истакнам дека за мене сите клиенти се звезди, подеднакво  ми се важни, ги почитувам и максимално им се посветувам. Сметам дека сите луѓе подеднакво заслужуваат да изгледаат добро и да се чувствуваат убаво. Токму тоа ме мотивира да им направам одлична фризура според нивните желби, но и според моите критериуми.

тел.071327049

 

 

 

 

Translate »