КОРОНАВИРУС И ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД КАРАНТИН: ДАЛИ Е ОВА „НОВАТА НОРМАЛНОСТ“

Светот се промени. Пандемијата на коронавирусот влијаеше на секој од нас, без оглед на тоа каде во светот живееме, објави Би-би-си.

Додека некои држави ги олеснуваат карантинските мерки, погледнете фотографии од различни делови на светот кои покажуваат како изгледа секојдневието денес – и ќе остане такво барем уште некое време.

Училници

Повторното отворање училишта и градинки, истовремено почитувајќи ги мерките за социјално дистанцирање, е голем предизвик и за наставниците и за децата.

Училниците какви што ги знаевме досега се прилагодуваат на новите услови, а многу родители, особено оние со помали деца, се загрижени за тоа како малите ќе успеат да ја одржат дистанцата.

Во италијанскиот град Ивреа, две градинки ги отворија своите дворови како дел од пилот-програмата за тестирање на форматите во кои може да се одржат часови по карантинот.

Паркови

Се сеќавате на долгите прошетки во паркот и бројните семејства кои се одмараат на тревата, додека други се шетаат покрај нив? Парковите изгледаат малку поразлично по карантинот.

Многу игралишта се затворени, а некои зелени површини се отворени за посетители, со задолжителни мерки за социјално растојание. Во Домино паркот во Бруклин луѓето се одмараат и се сончаат во кругови нацртани на тревата, кои служат како потсетник за потребното растојание.

Работа

Многумина работеа од дома за време на карантинот, комуницирајќи со колегите преку видео повик.

Сепак, деловните згради мора да се прилагодат на враќањето на вработените на работните места. Транспарентни пластични кутии се поставени во овој магацин во Јоханесбург, каде на аукции се продаваат и по 300 милиони цвеќиња.

Купување

Купувањето исто така се смени. Интернет купувањето станува сè попопуларно, а многу супермаркети сè уште се ограничени со бројот на луѓе, поради што се појавуваат редици на влезот.

Една кројачка продавница во Ротердам, Холандија користи плексиглас кутии за да овозможи безбеден контакт со клиентите.

Кројачот може да ги истрча рацете низ дупките на кутијата за да земе мерка.

Одење во ресторан

Дали одењето во ресторан некогаш повторно ќе биде исто? Луѓето седат со маси одделени со пластифицирани картонски прегради во Бангкок, Тајланд.

Многу ресторани поставија прегради и го намалија бројот на места за да обезбедат безбедно растојание помеѓу муштериите.

Концерти

Иако во овој момент животот не функционира според вообичаениот ритам, тоа не значи дека не можеме да уживаме во работите што ги сакаме, како што е музиката.

Едноставно тоа значи дека концертите во наредниот период ќе изгледаат малку поинаку, како оној што се одржува во градот Гојанг, Јужна Кореја.

Посетителите можеа да слушаат музика во живо за време на тридневниот фестивал, на кој присуствуваа голем број на луѓе. Сите беа на безбедно растојание, во удобноста на своите автомобили.

Translate »