БЕЈРУТ БИЛ ПРЕД НОВА ЗАКАНА: ПРОНАЈДЕНИ УШТЕ ЧЕТИРИ ТОНИ НЕЕКСПЛОДИРАН АМОНИУМ НИТРАТ
Инженерската единица на либанската армија открила магацини со над четири тони амониум нитрат на влезот на пристаништето во Бејрут, објави прес-службата на армијата.
„Врз основа на барањето на царинската служба на пристаништето Бејрут, инженерската единица на либанската армија откри четири магацини надвор од пристаништето со четири тони и 350 килограми амониум нитрат“, се наведува во соопштението.
Директорот на пристаништето Басем Кејси претходно изјави дека експлозивни направи сè уште се наоѓаат на територијата на пристаништето и дека на царинската служба им е наредено да ги изнесе од Бејрут.
Силна експлозија го погоди пристаништето Бејрут на 4 август. Причината била детонација на 2.750 тони амониум нитрат. Во трагедијата загинаа 190 лица, а повеќе од 6.000 претрпеа сериозни повреди.