Вонредно обраќање на Вучиќ после „непријатното изненадување“ во САД: Одбив да го признаеме Косово!
Во Вашингтон синоќа заврши првата рунда од преговорите помеѓу Белград и Приштина.
Синоќа српските медиуми пренесоа дека пред Вучиќ бил поставен документ кој барал меѓусебно признавање на Србија и Косово, но српскиот претседател во вонредното обраќање соопшти дека таквиот документ веднаш го одбил.
„Првиот документ кој го добивме имаше наслов „Економска нормализација“. Тој документ беше ужасно тежок, имаше 15 или 16 точки, а една од нив беше меѓусебното признавање“, изјави Вучиќ и додаде:
„Јас го одбив тоа. Тоа не е никаква новост, единствено нешто што ние сметавме дека не треба да стои во документ за економска стабилизација. Од кабинетот на Трамп беа фер и не сослушаа. Во другите документи ја нема таа одредба“, изјави Вучиќ.

Од друга страна, премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави дека неговата делегација нема да разговара за ништо што не вклучува меѓусебно признавање.
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави дека Вучиќ „брутално“ ја одбил точката за признавање на независноста на Косово која била дел од предлогот од 16 точки на состанокот во Белата куќа.

