ВИДЕО: Трагични најави – во хеликоптерот биле и сопственикот на Лестер и неговиот син!

Хеликоптер за кој се верува дека го превезувал Вичај Шривадханапраба, сопственикот на англискиот фудбалски прволигаш Лестер, се урна во близина на стадионот „Кинг пауер“ непосредно по завршувањето на натпреварот со Вест Хем.

Идентитетот на патниците засега не е познат, ниту дали има преживеани. Несреќата се случи еден час по одигрувањето на средбата.

Сведоците велат дека хеликоптерот се урнал на паркингот во близина на стадионот набргу по полетувањето.

„Хеликоптерот полета од теренот како и по секој натпревар. Неколку секунди подоцна, се чинеше како да губи контрола и се урна на паркингот оддалечен неколку стотици метри“, изјави новинарот на „Скај спортс“, Роб Дорсет.

Тајландскиот милијардер Шривадханапраба (60), кој го купи клубот во 2010 година и шест години подоцна го одведе до сензационалната шампионска титула, вообичаено заминува за Лондон по натпреварите.

 

Translate »