Камчев: Отворени сме за соработка со СЈО, моите компании вработуваат 3000 лица

„Орка холдинг“, чиј сопственик е Орце Камчев, а за кого СЈО отвори истрага под кодното име „Империја“, извести дека тие се отворени за соработка со СЈО и со сите други институции.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. Компаниите во кои сум сопственик, под целосна одговорност,  изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење. Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување на квалитетна бизнис-клима и економски проспeритет во земјава“, вели Орце Камчев.

Translate »