Мали, но опасни љубовни грешки во врската!
Лагите и неверството лесно можат да уништат било која врска. Но, некои помали работи, поради кои не сте ни свесни, исто така можат да бидат опасни за вашиот љубовен однос.
„Малите грешки и лошите навики можат да доведат до чувство на страв, сомнежи и проблеми со довербата во врската. Ако не внимавате на своето однесување и не умеете искрено да се извините кога ќе згрешите, вашиот партнер може да почне да се сомнева во вашата посветеност и љубов“, предупредува Мајлс Скот, експерт за врски.
Ако тие мали, опасни грешки се наталожат со текот на времето можат да го уништат вашиот однос.
Еве дел од нив:
Носите одлуки без партнерот
„Се разбира дека не мора да го прашувате партнерот за мислење при носење на некои ситни, неважни одлуки, но носењето на некои одлуки без консултација со него може да прерасне од мал, добронамерен гест во голема караница“, предупредува психологот Кетрин Џексон.
Имате навика да му упаѓате во збор
Ова на сите ни се случува понекогаш, но ако постојано му упаѓате во збор и не му дозволувате да ја заврши реченицата, тогаш е лошо.
„И двајцата треба да се чувствувате слободно да зборувате и изразувате мислење во текот на разговорот“, вели Мекензи Рајел, експерт за врски. „Упаѓањето во зборови може да доведе до беспотребни проблеми и обичниот разговор да се претвори во голема караница.
Споделувате детали од врска со пријателите
Нормално е да разговарате за љубовниот живот, но не треба да делите премногу интимни информации со други луѓе.
„Мислам дека една од работите кои негативно можат да влијаат на врската се кога една личност не знае да постави граници во споделувањето информации за приватниот живот“, вели психологот Келси Латимер. „Некогаш не сфаќаме дека тоа што нам не ни е важно, на другите им е многу битно. Затоа отворен разговор во врската може многу да помогне истата да успее“, вели таа.
Константно се жалите
„Жалењето е кумулативно. Луѓето кои постојано се жалат целиот став го пренесуваат и на другите, а никој не се чувствува добро во друштво на личност која само се жали“, вели Скот Хадсон, експерт за врски.
Тој советува жалбите да ги напишете на лист хартија или негативната енергија да ја исфрлите со вежбање.