Mажите кои им помагаат на жените во домашните обврски почесто имаат секс во однос на оние кои не го прават тоа.
Лес Перот, автор на книгата “The Ultimate Guide To Crazy Good Sex” зборува за машко-женските односи и дели совети како да ги подобрите.
Тој нагласува дека мажите кои им помагаат на жените во домашните обврски почесто имаат секс во однос на оние кои не го прават тоа. Исто така додава дека со угодувањето и изразувањето на нежности се зголемува женската желба и страст и дека не е потребно да бидете поет и да измислувате нови работи, туку едноставно отворено да ѝ кажувате на партнерката колку ви значи, ве расположува и слично.
“Важно е пред нејзиното тело да ја допрете нејзината душа. Можете да си поиграте со мирисни свеќи, романтични писма и слични работи”, напишал Перот.
Тој исто така советува дека со разговор можете уште полесно да допрете до вашата партнерка. Бидете отворени и прашајте ја за работи кои инаку би очекувале таа самата да ги сфати или направи.
“Вашите желби не секогаш ќе се поклопуваат, но важно е да не дозволите тоа да влијае на вашата врска. Тоа е нормално и може да се случува одвреме-навреме. Имено, доколку се случи партнерката да ве одбие за нешто, не започнувајте расправија – разговарајте со неа и поправете го односот”, заклучува авторот.