Истражувањето покажа-Ако правите добри дела, подолго ќе живеете
Во последниве години, научниците го проучувале создавањето добри делa и нивните ефекти врз човечкото тело. Во многу студии, се заклучува дека алтруизмот – желбата за несебично да им се помага на другите – влијае на нашето здравје, па дури и на должината на животот. “Човечката природа” е предмет на филозофски дебати илјадници години, а со помош на модерната технологија и наука, ние конечно почнавме да ги отклучуваме овие мистерии. Во раните фази на студијата, научниците успеале да заклучат еден факт: нашиот мозок е физички создаден да им помага на другите.
Со скенирање на мозокот можеме лесно да забележиме дека размислувањето за проблемите на другите ги активира истите делови на мозокот, кои се активираат кога размислуваме за себе, додека совеста ги активира деловите одговорни за чувствата на задоволство. Науката сугерира дека старата поговорка “Подобро да се даде, отколку да се добие”, буквално е точна, тврди Џефри Шлос, еволутивен биолог на Вестмонт колеџот во Калифорнија. “Тоа не е само морално клише”.
Во секојдневниот живот, безброј луѓе избираат да се откажат од своето слободно време за да им помогнат на другите – без разлика дали тоа е за да им помогнат на постарите лица, за спасување напуштени животни,за човечки живот или помагате на некого да се реши одреден проблем – на добри дела сведоци сме секој ден. Истражувањата покажуваат дека помагањето други луѓе може да ни помогне да се чувствуваме поудобно. Но, таа приказна не завршува. Ова однесување ни влијае и физички – и се поголем број на научници веруваат дека тоа е добро, има позитивен ефект врз нашето здравје, а некои студии дури заклучиле и дека нашиот алтруизам ни помага да живееме подолго. Врската на алтруизмот и стресот е откриена случајно во 1956 година, кога еден тим на истражувачи од Универзитетот Корнел спровеле студија со 427 мажени жени со деца. Научниците очекуваа жените со повеќе деца да бидат под поголем стрес, и поради тоа да имаат пократок животен век. Изненадувачки, истражувачите откриле дека бројот на децата, образованието, класата, и работниот статус не влијае на долговечноста. Во истата студија, која траеше 30 години, се откри дека 52% од жените кои никогаш не волонтирале на крај страдаат од некоја тешка болест, за разлика од 32% од жените кои волонтирале. Ова откритие е од интерес за научниците, но потоа беа спроведени неколку други студии: Истражувањето покажа дека редовното правење на добри дела, го намалува ризикот од предвремена смрт за 44% – што е подобро отколку секојдневното редовно вежбање. Друга студија пак била спроведена во 1990-тите, кога биле истражени лични есеи на монахињите од 1930-тите. Истражувачите откриле дека монахињите кои покажале најголем позитивен став кон другите луѓе, живееле подолго.