Викенд, недела, месец? Колку одмор му треба на секој хороскопски знак?

Според хороскопот, колку долго ви трае идеалниот одмор?

Овен

Сè додека сте со луѓе, имате испланирано спортски и авантуристички активности, можете да издржите на одмор.

Бик

Доволен ви е краток одмор од неколку дена за време на кој ќе бидете хедонисти и ќе наполните батерии, а потоа со нови сили едвај ќе чекате да се вратите на работа.

Близнаци

Бидејќи по природа сте неодлучни и не знаете што најмногу ви одговара, два кратки одмори од по неколку дена се идеалната опција.

vikend-nedela-mesec-kolku-odmor-mu-treba-na-sekoj-horoskopski-znak-02.png

Рак

Доволна ви е една недела одмор, но само ако сте во близина на вода. Успешниот одмор за вас се мери по тоа колку време сте поминале покрај езеро, море, океан…

Лав

Ако нешто во животот ви е важно – тоа е одморот. Сакате да имате барем 3 недели за масажи, спиење, јадење, сончање…

Девица

Вашите подготовки за одморот траат подолго отколку самиот одмор. Доволен ви е продолжен викенд на мирно место за да бидете задоволни.

Вага

Не ви е важно колку трае одморот, сè додека сте опуштени и имате време за себе. Не сакате гужви и друг да ви го организира времето.

Скорпија

Половина месец ќе ви заврши добра работа, посебно ако сте на романтичен, егзотичен одмор со партнерот.

Стрелец

Вашиот одмор може да трае бесконечно, важно е да не сте дома или во канцеларија.

vikend-nedela-mesec-kolku-odmor-mu-treba-na-sekoj-horoskopski-znak-04.jpg

Јарец

Сакате семејни патувања, иако знаат да бидат стресни. Идеалниот одмор ви трае 2-3 недели, додека ги посетите сите членови од семејството.

Водолија

Околу две недели ви требаат за да се одморите, да се видите со сите, да ги остварите сите активности кои сте ги зацртале… Потоа ви станува досадно.

Риби

Најдобар одмор ви е оној кој го поминувате сами, па малите одмори и продолжени викенди ви се омилена опција. Не е ни чудо да земете ден сред недела за да се одморите од рутината.

crnobelo.com

Translate »