Куќи на село за едно евро и 25.000 евра за реновирање – понуда што предизвика голем интерес

Ако сакате да се преселите во живописното средновековно село на Сицилија, сместено среде планински национален парк, сега е вистинското време да го сторите тоа.

Малото место Троина се приклучило на проектот во кој слабо населените места се пополнуваат со жители  со продажба на недвижен имот за 1 евро, што е веќе испробан рецепт во неколку градови во последните две години. Во исто време, 1 евро е почетна цена на аукцијата, а заинтересираните купувачи ги даваат своите понуди, од кои се избира најдобрата.

Но, ова сицилијанско место од бајките со помалку од 10.000 жители отиде чекор подалеку. Додека во претходните понуди, услов за купување на имот за 1 евро беше имотот (а најголемиот дел е во руинирана состојба) да се реновира на свој трошок, во Троина тие решија да преземат дел од трошоците!

Градскиот совет ќе плати вкупно 25.000 евра на купувачи на напуштени куќи, од кои 15.000 се за обнова и 10.000 за енергетско обновување. Новите жители на Троина нема да мора да плаќаат градски данок и данок на недвижнини во текот на првите три години.

Затоа, не е изненадувачки што најавата за продажба на куќи по ниска цена и покривањето на дел од трошоците за реновирање предизвикаа голем интерес. Деновиве ќе бидат ставени на аукција околу 30 куќи, а подоцна и уште сто. Купувачите треба да платат депозит од 5.000 евра, што ја докажува сериозноста на нивната понуда, но им се враќа по завршувањето на реновирањето. Имаат две години да започнат со работа, а во рок од три години по купувањето сè мора да биде готово.

Translate »