Д-Р. НИКОЛА ПАНОВСКИ: по 15 декември очекувам осетен пад на бројот на новозаразени
Бројките на новозаразени се стабилизираа, не одат ниту нагоре, но, ниту надоле. Причина за ваквата стабилизираност е тоа што огромен број од луѓето станаа свесни дека болеста постои. Некако се исплашија кога ги видоа оние бројки на умрени. Еве на пример, во последните денови не сум слушнал дека некаде се правела голема журка, па тоа да биде причина за ширење на корона вирусот, истакна денеска микробиологот, д-р. Никола Пановски во емисијата „Студиот 10“ на ТВ 24.
Не очекува нов пик во јануари и се надева, како што вели, дека следното лето ќе биде подобро од ова што го помина. Смета дека повеќе ќе може да се патува, и дека од септември 2021 ќе започне повторно нормален живот.
-Ако ги поминеме претстојните празници без големи гужви и собирања, ако верските лидери повикаат славите да се поминат без гости, ако укажат на опасноста дека има заразени од нивните епархии, верувам дека нема да скокне повторно бројот на новозаразените. Затоа очекувам дека во наредниот период да почне да паѓа бројот на активни услови, а со тоа ќе паѓа и бројот на хоспитализации, потенцираше д-р. Пановски.
Тој е оптимист во однос на пролетниот период, нагласувајќи дека април да бидеме подобри, дека ќе има многу луѓе кои веќе го поминале вирусот, и дека ќе ја имаме и вакцината.