Израел ја нападна Сирија – одекнуваат бомби (видео)
Сириската државна агенција САНА објави дека Израел извршил напад врз јужната провинција Кунеитра.
„Израел беше гаѓал цели кон јужна Сирија“, соопшти агенцијата.
Сириската воздушна одбрана, наводно, го одбила нападот.
„Нашата воздушна одбрана реагираше со истрелување на повеќето проектили“, додаде изворот.
Звукот на против возудшната одбрана се слуша над главниот град Дамаск.
Експлозии се слушаат во провинцијата Кунеитра.
Засега нема информации за целите на израелската армија и дали има жртви.
Израел често извршува напади на територијата на Сирија. Повеќето негови цели се складишта со оружје и позициите на либанското движење Хезболах и проиранските сили кои се борат на страната на Башар Асад.