Храна која го штити менталното здравје!
Внесувајќи храна во нашето тело, преку која ги исполнуваме основните потреби на организмот, можеме лесно да интервенираме во нашето здравје.
Првиот чекор на патот кон здрава исхрана е да се подигне свеста за храната што ја јадеме сега, за нејзината штетност и да обрнеме внимание на малите трикови кои водат до големи резултати и го зачувуваат менталното здравје.
Еве неколку совети:
Јадете целовита храна, и наместо сок од портокал, одберете цела овошка.
Конзумирајте пет порции овошје и зеленчук на ден.
Збогатете ги оброците со зеленчук богат со растителни влакна, витамини и минерали.
Треба да јадете бобинки секој ден, бидејќи тие се богати со полифеноли, што ги прави одличен извор на антиоксиданти.
Пијте доволно вода, најмалку 13 чаши вода на ден.
Вклучете растителни протеини во вашата исхрана, јадете грашок, лешник, ореви и семиња.