ВЕСТА ОДЕКНА И ВО БУГАРСКАТА ЈАВНОСТ: Од први март БНТ ќе се гледа во Македонија, а МТВ во Бугарија
Од први март, Бугарската национална телевизија, ќе се гледа и во Македонија.
Ова го договорил специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија Владо Бучковски, на вчерашната средба во Скопје на која присутни биле и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, како и првиот човек на Телеком, Никола Љушев.
Договорот предвидува бугарскиот национален канал да се емитува на најгледаната платформа во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ треба да стане и дел од пакетите на бугарските оператори.
Оваа информација одекна и во бугарската јавност.
Некогашниот дописник на Бугарската национална телевизија во Скопје Котадин Филипов ја објави веста на својот фејсбук профил со коментар „Ви благодарам на четворицата, тоа што можевме го направивме“.
„Ви честитам, имавме успешна работна средба со вашиот амбасадор, директорот на АВМУ Трајчевски и директорот на Телеком Љушев. Од 1 март, БНТ ќе оди на MaxTV платформата на Македонски телеком“.