Скопје домаќин на регионалниот состанок “Брдо-Бриони”
Првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер од регионот денеска во Скопје учествуваат на состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони.
Претседателот Иванов ќе биде домаќин на албанскиот претседател Илир Мета, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи, словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, хрватскиот претседател Колинда Грабар-Китаровиќ и претседателот на Црна Гора, Филип Вујанов
Како и секоја година , во својство на почесни гости ќе биде и преставник на на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, како и бугарскиот претседател, Бојко Борисов.
Лидерите ќе се се фокусираат на политичката, економска, инфраструктурна и безбедносна поврзаност на регионот, а во контекст на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан.
Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.
На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој се одржува во хотелот „Александар палас“ во Скопје, се акредитирани 156 претставници на медиумите, 116 од Република Македонија и 40 од странство.