Масовно се шири објавата од Италијанката за коронавирусот: „Направивме голема грешка“

Предупредувањето кое што една жена од Италија го објавила на социјалната мрежа Твитер, почнало да кружи по сцијалните мрежи.

Италијанката, која што за порталот „Bored Panda“ открила дека се вика Бјанка и дека живее во мал град недалеку од Милано, ги предупредила луѓето дека коронавирусот не треба да го сфаќаат “здраво за готово“ и дека треба да се придржуваат на сигурносните упатства.

„Ве молам луѓе. Тука во северна Италија направивме голема грешка. Сите зборуваат дека “тоа е само грип“, а сега нашите оддели за интензивна нега се во колапс. Сите продолжија да излегуваат и да шетаат како ништо да не се случува и сега нашите родители, дедовци и баби умираат. Коронавирусот не е грип“ – порачала таа.

Нејзината објава предизвикала големо внимание и досега на Твитер е споделена речиси 70 илјади пати, а ја лајкнале нешто помалку од 142 илјади луѓе.

Bianca@labisbeticah

Please, please guys. Here in northern #Italy we made one big mistake. Everybody kept saying “It’s just flu” and now our intensive care units are collapsing. Everybody kept going outside like nothing happened and now our grandparents and parents are dying.#coronavirus is not #flu145K10:57 AM – Mar 9, 2020Twitter Ads info and privacy70.7K people are talking about this

Во коментарите на нејзината објава се огласиле луѓе од целиот свет кои што ѝ се благодарни што тоа го споделила со нив.

„Кај нас никој не слуша. Ти благодарам што го сподели ова. Од срце ми е жал поради тоа што вашата земја поминува низ таков период (наскоро тоа ќе бидеме ние)“, „Ти благодарам што го сподели ова и биди сигурна дека оваа објава ќе спаси многу животи. Ѝ посакувам сè најдобро на твојата земја, пријатели и семејство“, „Јас сум од Кина и ние знаеме колку грозно може да биде сето тоа доколку вирусот излезе од контрола. Вториот период на инкубацијата е без симптоми и голема е можноста да се заразите“ – биле само дел од коментарите на нејзината објава.

Некои од луѓето сметале дека оваа жена шири лажни вести затоа што нејзиниот профил на Твитер бил “направен неодамна“.

Бјанка исто така споделила и мерки на сигурност кои што се препорачуваат во Италија:

Bianca@labisbeticah

#Italian AD translation:#Coronavirus emergency is something to take seriously in every Italian region. Four indispensable behaviours:
1- Keep minimum safe distance (1mt)
2- Avoid physical contact when greeting someone
3- Avoid crowds and gatherings
4-Wash your hands frequently

View image on Twitter

3371:57 PM – Mar 10, 2020Twitter Ads info and privacy159 people are talking about this

1. Треба држите минимално растојание од луѓето од 1 метар.

2. Избегнувајте физички контакт при поздравување со луѓето.

3. Избегнувајте големи собири.

4. Редовно мијте ги рацете.

Translate »