Излечен пациент од ХИВ

Британските здравствени истражувачи потврдиле дека т.н. „Лондонски пациент“, кој што боледувал од ХИВ веќе е две години без вирусот во телото.

Вторпат во историјата пациент кој што е заболен од вирусот кој предизвикува сида, излечен е од инфекцијата, соопштиле докторите во угледното здравствено списание „Lenset HIV“.

Експертите од Универзитетот во Кембриџ изјавиле дека пациентот е негативен на анлизите веќе две и пол години откако бил изложен на трансплантација на матични ќелии.

„Лондонскиот пациент веќе 30 месеци е во ХИВ-1 ремисија, а во крвта, цереброспиналната течност, стомачното и лимфното ткиво за цел тој период не е откриен вирусот. Предложуваме дека врз основа на овие наоди велат дека пациентот е излечен“ – навеле докторите.

Истовремено, тие предупредиле дека наодите не значат дека е пронајден општ лек за ХИВ кој годишно убива речиси 1 милион луѓе. Исто така, наведуваат дека трансплантацијата на матични ќелии била спроведена за да се тестира друга личност, пренесуваат од „РТС“.

Адам Кастиљ излегол во јавноста за да открие дека всушност тој е „Лондонскиот пациент“.

ХИВ му бил дијагностициран во 2003-та година, а од него актино се лечел од 1012-та година. Истата година му била дијагностицирана и Хоџкинова болест, облик на рак на лимфоцитното ткиво.

Кон крајот на 2016-та годна бил изложен на трансплантација на коскена с’рж во текот на која што примал матични ќелии од донор со исклучителна мутација која спречува да се “примаат“ ќелиите од ХИВ.

Според зборовите на експертите, таа процедура довела до уништување на живиот ХИВ во неговото тело. Во текот на анализите откриени биле и “фосили“ на ХИВ – фрагменти на вирусот кој што не се способни да се репродуцираат. 

Translate »