Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, највисок пласман досега. Кој гласаше за нас!
Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на Евровизија.
Песната „Proud“ во изведба на Тамара освои 237 поени од стручното жири, но само 58 од телевоутингот, што беше премалку за да имаме можност да се израдуваме со првото место, во трката која беше неизвесна до самиот крај.
Tamara Todevska@TamaraTodevska
A day I will never forget. Thank you. 2,6751:17 AM – May 19, 2019Twitter Ads info and privacy561 people are talking about this
Во конечниот пласман, нашата претставничка заврши на осмото место. Победник на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.
Во финалето на 64. Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка, а се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.
Нашето жири 12 поени му додели на претставникот на Италија.
Во продолжение, можете да погледнете и листа од бројот на поени и земјите кои гласаа за песната на Тамара:
5 Португалија
8 Азербејџан
3 Малта
1 Сан Марино
3 Холандија
7 Црна Гора
8 Полска
10 Норвешка
12 Австрија
12 Обединето Кралство
10 Италија
12 Албанија
10 Унгарија
12 Молдавија
5 Ирска
10 Ерменија
7 Романија
7 Австралија
4 Русија
7 Германија
10 Хрватска
12 Србија
8 Исланд
1 Грција
8 Летонија
7 Чешка
10 Данска
7 Франција
7 Финска
12 Швајцарија
2 Словенија