ВИДЕО: Молк во ДУИ, кој и зошто пукаше во Беља?
Молк во ДУИ по вчерашниот инцидент во Чаир во кој настрада економскиот директор на Клиниката за гинекологија во Скопје и висок фукционер на ДУИ ,Валон Беља.
На паркингот на улицата Лазо Трповски во населбата Чаир вчера се случи престрелка која ги вознемири жителите.
Беше застрелан економскиот директор на клиниката за гинекологија Ваљон Бела.
Жителите кои не се охрабрија да зборуваат пред камера за Канал 5 се пожалија дека во оваа населба ваквите престрелки треба да престанат и дека полицијата никаде ја нема по 17 часот.
Полицијата се уште трага по напаѓачот. По шпекулациите што кружеа во јавноста за наводната кавга меѓу градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и Бела . била причината за инцидентот.Од кабинетопт на Ганиу демантираат било каква вмешаност на градоначалникот.
Беља наводно барал од градоначалникот да му бидат исплатени плати од Општината каде работел пред да замина на новата функција, каде е неколку месеци.
Наводно Беља околу 17.30 часот дошол на улицата Лазо Трповски, на паркингот во близина на маркетот „Принц“ и според очевидци, пукањето следело по расправија меѓу Беља и напаѓачот кој бил во придружба на уште тројца.
Кавгата наводно започнала откако Беља со висок тон му се обраќал на напаѓачот, по што овој го извадил пиштолот и го погодил во ногата.
. Напаѓачот веднаш избегал, а минувачи го однеле Беља со автомобил во болница.
Од ДУИ нема реакција за случајот, од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа министерот Спасовски да преземе одговорност за настаните.,,
Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат, дали се овие истите кои пукаа со калашникови кога ја прославуваа изборната победа во Чаир реагираат од опозициската партија.
На ова возврати владејачката партија СДСМ со одговор дека стапката на криминал се намалува и дека граѓаните се сигурни и безбедни .