Оваа полициска објава стана хит на социјалните мрежи, ќе ви стане јасно кога ќе погледнете кого уапсиле

После првата епизода од последната сезона на ТВ серијата “Игра на тронови” сè уште следуваат впечатоци, има милиони фанови ширум светот, а некои од нив доаѓаат и од една полициска станица во норвешкиот град Трондхајм.

Неколку полицајци пронашле прилично несекојдневен начин да ѝ оддадат чест на серијата, а нивната објава стана хит на социјалните мрежи. Тие имено, го уапсиле Најт Кинг, еден од главните негативци во серијата и го ставиле во притвор. 

“Некои од нас се големи фанови на “Игра на тронови” и сакавме да направиме нешто забавно за премиерата на последната сезона”, рекол полицаецот Кристиан Акселсен за порталот Bored Panda.

“Еден полицаец позајми маска и портокалов комбинезон од соседот, а останатото го импровизираа две патроли за време на пауза за ручек”, додава тој.

На фотографиите се гледа како Најт Кинг во лисици седи во ќелија, но и позира за полициска фотгографија.

Покрај фотографиите на Фејсбук, полицијата се пошегува дека е уапсен бидејќи срушил ѕид, лошо се однесувал кон животните и оштетувал имот.

“Нашата работа всушност е сериозна, но понекогаш сакаме да се забавуваме”, рекол полицаецот. “Ја користиме нашата Фејсбук страница за да допреме до нашата заедница, а вниманието кое го привлече објавата за Најт Кинг може навистина да помогне следниот пат кога ќе бараме помош, кога ќе решаваме криминал или кога ќе бараме исчезнати лица”.

Translate »