10 растенија идеални за садење ова лето!
Индискиот јоргован , често е прв избор при уредување на градините , а има и зошто!
Во лето кога е во цвет , ги краде погледите на сите минувачи , бидејќи обзема со убавина .
Индискиот јоргован е цветна грмушка која е позната по најдолгиот период на задржување на цветовите , кој може да биде дури и до 120 денови.
Расте како голема грмушка – дрво кое по желба може и да се оформува .
Многу често се употребува како фокусна точка во градината , со силен цветен ефект во летото.
Дури може и да се формира невообичаена бордура од неколку индиски јорговани и да се постигне уникатен ефект.
2. ЛАВАНДА ( Lavandula angustifolia )
Само со прекрасниот смирувачки мирис ќе ве обземе .
А кога е чувството надополнето со магична глетка од виолетови цветови , уживањето е целосно .
Мирисот на лаванда делува смирувачки а погледите ги полни со боја и внесува прекрасно чувство каде и да ја посадите.
Издржлива садница која можете да се одгледува на многу начини.
Покрај исклучително пријатниот мирис и убавиот изглед, лавандата се користи како природен начин за заштита од комарци, молци и други инсекти.
Исто така, лавандата смирува, како физички така и емотивно… со само 5 минути вдишување на мирисот на лаванда.
3. МИСКАНТУС ( Miscanthus sinensis ‘Zebrinus’ )
Со својот невообичаен изглед и шарени листови е вистинска атракција, и ќе внесе во просторот поинаков акцент.
Додава драматичност и моќна структура на пејсажот.Фамозна орнаментална трева која го наоѓа својот престол во градината.
Одличен вид за егзотични градини, покрај базени, фонтани, во комбинација со други видови или индивидуално. Повеќегодишна и исклучително издржлива.
Декоративна и лесна за одгледување , а притоа со единствен изглед
Добитна комбинација, зарем не?
Идеја плус ! +
Интересна саксија во силна боја посадена со шарен зебраст мискантус ќе изгледа драматично и уникатно токму во твојата градина !
4. ХОРТЕНЗИИ ( Hydragea )
Расцветана хортензија полна со безброј големи топчести цветови во боја
= љубов на прв поглед.
Хортензиите се класика во градините одамна и тоа со причина.
Нивните крупни и воодушевувачки цветови прават прекрасна глетка во летото. Грандиозни и густи грмушки полни со цветови кои уште од далеку ќе го привлечат вниманието Едноставни за одгледување и нудат многу можности за комбинации .
Дали тоа ќе биде во саксија на терасата или пак ќе направите невообичаена граница од цветни хортензии … или пак ќе ги искомбинирате со други садници… Хортензиите се секогаш впечатливи и уникатни во просоторот , а изборот е огромен.
Во сенковити позиции , посадете Hydrangea macrophylla
А за позициите кои се постојано на сонце Hydrangea paniculata
5. ХОРИЗОНТАЛНИ ЈУНИПЕРУСИ ( Juniperus horizontalis )
Зимзелени покривачи , кои го наоѓаат своето место на многу позиции.
Постојат многу различни вариетети на хоризонтални јуниперуси , кои растат многу ниско скоро до почвата или повеќе разгранети во висина. Секој од нив има соодветна примена.
Посадете ниски хоризонтални јуниперуси , како земјени покривачи . Прават одлична покривка на почвата , како на рамни мeстоположби ,така и на косини, коишто се тешко достапни за одгледување .
Па наместо трева ,која би требало да се коси, посадете некој вид на хоризонтален јуниперус.
Ќе го потполнат просторот , а понатаму нема да има потреба од дополнителна грижа како кај тревите…
Хоризонталните јуниперуси ,глобално се лесни за одгледување и многу видови од нив се и исклучително сушоотпорни , што ги прави одлични за одгледување на тешко достапни позиции.
Со малку креативност и ново хоби ќе направите прекрасен алпиниум во градината .
Направете карпеста градина со неколку интересни декоративни големи камења, во комбинација со хоризонтални јуниперуси и ќе го направите новото омилено местенце во градината.
6. ЦВЕТНА ГАУРА ( Gaura lindheimeri )
Цветна грмушка која е прв избор и Омилена на оние кои долги години ја одгледуваат во своите градини или тераси… и одличен избор за градинари “почетници“ .
Бидејќи бара минимална нега а возвраќа со неизмерна убавина.
Одлични за одгледување во групација од по неколку садници , како ниски цветни бордури , цветни леи… Или пак посадени во саксии , исто така даваат одличен ефект.
Долготрајна цветна грмушка и отпорна кога се сади и на многу сончеви позиции , а исто така успева и во полусенковити позиции и може да се осгледува на скоро секаков вид почва.
Достапни во 2 бои – со впечатливо розови и со нежно бели цветови.
7. ПАМПАС ТРЕВА ( Cortaderia selloana )
Впечатлива украсна трева со развиорени пердушести цветови.
Пампас тревите се едни од најбараните и многу често употребувани садници како дел од многу урбани градини и јавни простори. Затоа што се исклучително издржливи , брзо растат и се развиваат, а својата декоративност ја изразуваат преку целата година.
И кога се во цвет- со прекрасните пердушести цветови . Но и додека немаат цветови , компактната форма на растење е одличен акцент.
Oрнаментална трева која не бара некои посебни услови за одржување. Откако ќе прецвета дршката од цветот се сече до основата. Во зима лисната маса се суши, добива кафено-златна боја.
Одлично се прилагодува на сончеви позиции и позиции во полусенка
Може да се одгледува во саксии или директно во почва.
8.ХЕМЕРОКАЛИС ( Hemerocallis fulva )
Сончев , развиорен и прекрасен , кога хемерокалисот е во цвет прави вистинска сончева глетка во градината или на терасата.
Цветовите траат еден ден, па оттаму и нејзиното име кое во превод значи „убавина еден ден“.
Овој свој „недостаток“, за среќа, го компензира со бројот на пупки кои се формираат и отвораат еден по друг, па така краткиот век на цветовите речиси не се забележува.
Во летото кога ќе ја започне својата цветна сезона , цветањето е без прекин.
Го обожуваат сонцето , па посадете ги во саксија или пак директно во почвата на сончева позиција и уживајте во нивната летна убавина секое следно лето .
9. ОЛЕАНДЕР (Nerium Oleander)
Садницата која вистински не асоцира на лето , море и медитерански погледи…
Оваа прекрасна цветна грмушка , која е позната по своите впечатливи цветови , кои ги има во изобилие во текот на летото, полека но сигурно ги освојува и нашите ареали.
Вообичаено до сега практиката на одгледвање на олеандрите е во текот на зимата да се заштитуваат… но во последните неколку години тоа не е случајот .
Од сега практикуваме и садење директно во почва. Со тоа се заштитувааат од мрзнење во текот на зимата, но и дополнително поблагите зимски денови кои се практика ,овозможуваат без проблем олеандрите да ја поминат зимата.
Доколку ги одгледувате во саксија, се препорачува во текот на зимата да се заштитат.
Олеандерот преферира целосно сонце како и делумна шарена сенка, a пикот на убавината го достигнува кон крајот на пролетта до крајот на летото кога може да се “пофали” со прекрасни цветови кои се во различни нијанси на розова боја.
Со олеандерот , ќе го пренесеме медитеранот и во нашата градина или тераса
10. ЛИРИОПЕ ( Liriope muscari )
Навидум едноставни , а толку прекрасни.
Зелената декроативна трева Лириопе , надополнета со виолетови цветови кои не радуваат е вистинско уживање
Кон крајот на летото , и лириопето е еден од видовите кои го добива својот полн ефект.
Со впечатливото зеленило во текот на целата година и декоративните цветови кои ги има во текот на леотото е прв избор при формирање на декоративни бордури или пак посадени во декоративна саксија, даваат одличен ефект .
Одлични и за одгледување во позасенети позиции , како под дрвја или пак во некој дел во градината што е под стреа или во саксија во засенет простор.
Често се употребуваат и за формирање “граници” или за означување на патеки.
Дури и една садница Liriope muscari посадена во декоративна саксија, и изгледот е комплетен
Некогаш е доволен и само детал