Магнезиумот со цинк и Б комплекс како решение за спречување дехидрираност и нарушување на електролитскиот баланс?
Не можеме да кажеме дека ова лето високите температури не изненадија, бидејќи секое лето во земјава години наназад е многу спарно и жешко. Прашањето е колку сме ние подготвени да се носиме со овој предизвик?
Па така ако овие жешки денови се соочувате со прекумерно потење, кратко и отежнето дишење, силно забрзан пулс и промени во притисокот, или можеби чувствувате лошење, главоболки, како и дезорентација, треба да знаете дека тоа се први симптоми кои укажуваат на топлотен удар? Топлото време може да предизвика многу сериозни последици по нашето здравје, посебно кај постарите граѓани кои може да се жалат и на грчеви во мускулите и на општа физичка истоштеност.
Овие тегоби може да остават трајни последици по здравјто, како загуба на свеста, колабс и пад, прегревање и отекување на внатрешните органи и мозокот, па дури и кома. На најголем ризик од топлотен удар се изложени повозрасните лица со над 60 години, како и лицата со дијабетес, кардиоваскуларни и други хронични болести.
Важно е да се знае дека состојбата на топлотен удар настанува заради силна дехидрираност на организмот, но главниот проблем не е обичната загуба на водата, туку загубата на клучните електролити и нарушувањето на електролитскиот баланс кој ја пореметува работата и на срцето и на нервниот систем и на мускулите, и создава една општа слабост и изнемоштеност на организмот.
Одржувањето на хидратација, електролитен баланс, престој во ладна средина и избегнување изложеност на екстремна топлина се главните превентивни мерки.
Затоа решението како најдобро да се заштитиме од појавата и опасните последици на топлотниот удар е со хидрирањето да ги вратиме клучните електролити кои му недостигаат на телото!
А најважен од сите нив и пресуден за срцето, мозокот и мускулите е мегнезиумот кој му помага на организмот да ја одржи терморегулацијата и спречува негово прегревање.

Уште подобар ефект се добива кога магнезиумот се комбинира со цинк и Б комплекс. Притоа е важно да одбереме магнезиум кој добро се апсорбира во телото, магнезиум цитрат (со 5 пати поголема апсорпција во однос на други достапните форми), бидејќи во лето со потењето брзо го губиме и магнезиумот. Се препорачува таблета со 500 милиграми на магнезиум цитрат, која исто така содржи и 15 милиграми цинк пиколинат и витамини од Б комплексот.
Цинкот е одличен антиоксиданс и помага да се намали оксидативниот стрес и оштетувањето кое го доживуваат клетките кога се прегреваат со што го штити и срцето и мозокот а ќе помогне и во одржување на имунитетот.
Додека витамините од Б комплексот, Б3, Б5 и Б6 помагаат на телото да ја сочува и подобри енергијата, да го намали стресот и да помогне во опуштањето.
Оваа синергија на магнезиум, цинк и Б комплексот е најдобра заштите за организмот од последиците на жешкото време. Помага да се одржи рамномерната работа на срцето, мирниот и стабилен ритам без аритмии, и да се сочува циркулацијата и нормалниот притисок.
Магнезиумот и цинкот ја одржуваат и меморијата, когницијата, фокусот и продуктивноста, како и доброто расположение, а секако оваа формула е задолжителна за да се заштитат мускулите од болните и ненадејни грчеви и за регенерација на згрчените и оштетени мускули.
1 Таблета со три клучни компоненти за срцето, мозокот, мускулите и целиот организам, за заштита и добро плигагодување на жешкото летно време!

