Нема мир на Далечниот исток: Москва и Токио и натаму во војна, Јапонија го одбила мировниот договор
Јапонија одлучила да го одбие рамковниот мировен договор со Русија на самитот на Г20 во Осака, пишува јапонски “Асахи Шинбун”, повикувајќи се на извори од владата.
Со тој договор било предвидено Русија и Јапонија официјално да стават крај на Втората светска војна, но според наводите на весникот, двете страни не успеале да ги надминат несогласувањата за одреден број историски и безбедносни прашања.
Јапонија и Русија, како што се наведува, ќе ги продолжат преговорите за постигнување на мировен договор, но се очекува процесот да потрае.
Токио со договорот сакал да ја потврди заедничката декларација со Советскиот сојуз од 1956-та, во која Москва изразува подготвеност да ги предаде јужните курилски острови Шикотан и Хабомал како гест на добра волја.
Јапонија потоа планира да преговара со Русија за суверенитетот над преостанатите два спорни острови – Итурупо и Конаширо.
Меѓутоа, неколку рунди преговори на ниво на шефови на дипломатиите покажале дека Русија е загрижена поради можното разместување на американски ракетни системи на тие острови.
Самитот Г20 ќе се одржува во Осака на 28-ми и 29-ти јуни и предвидено е јапонскиот премиер Шинзо Абе и рускиот претседател Владимир Путин да одржат работен состанок.