Израел ја погоди зградата на турската новинска агенција „Анадолија“ во Газа
Турција ја повика меѓународната заедница да делува на несразмерните акции на Израел во Газа, соопшти турското министерство за надворешни работи, откако израелските воздушни напади ја погодиja зградата во која се наоѓа турската државна новинска агенција „Анадолија“.
Милитантите вчера во Газа испалија над 250 ракети во изралските градови и села, а Израел возврати со тенковски гранатирања и воздушни напади, за кои палестинските власти рекле дека убиле четири лица.
„Остро ги осудуваме неселективните напади на Израел во Газа, поради кои многу невини луѓе ги загубија животите или се повредени, а цел на нападите била зградата на агенцијата „Анадолија. Итно ја повикуваме меѓународната заедница да делува за да ја ублажи напнатоста која се зголемува во регионот со израелските несразмерни делувања“ се наведува во соопштението на турското МНР.
Ескалацијата на насилствата се случи откако во петокот четворица Палестинци беа убиени, а 51 ранет во судирите со израелските сили долж граничната ограда.