Светот ќе мора да живее под мерки уште најмалку 2 години

Со цел да се задржи ширењето на коронавирусот под контрола, луѓето ќе треба да живеат под рестриктивни мерки две или повеќе години, тврди научник кој раководи со швајцарскиот кризен штаб за борба против вирусот.

Епедемиологот и експерт за јавно здравје во интервју за „NZZ am Sonntag“, изрази надеж дека масовната вакцинација ќе започне за една година, но предупреди дека сè уште има многу пречки.

„Засега малку го познаваме вирусот. Можно е да откриеме непријатни карактеристики што ќе го комплицираат и забават развојот на ефикасни и безбедни вакцини“, додава тој.

Швајцарскиот експерт предупреди дека луѓето и натаму ќе треба да носат маски, да се придржуваат до хигиенските навики и оддалеченоста едни од други за да го контролираат ширењето на вирусот.

Во пресрет на отворањето на швајцарските основни училишта на 11 мај, епидемиологот Егер им порача на родителите дека не треба многу да се грижат.

„Во светот има 3 милиони случаи на Ковид-19. Податоците покажуваат дека децата не играат голема улога во ширењето на вирусот“, рече тој, но не негираше дека е можна инфекција пренесена од деца, па затоа ги замоли родителите сепак да бидат внимателни.

Translate »