МВР објави кои гранични премини имаат ограничувања за влез и излез од државава

Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид.

Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево.

Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово.

Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Св. Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини.

Доколку доаѓаат од високо ризични земји, нашите граѓани можат да остварат влез во Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид.

Странските државјани кои доаѓаат од високо ризични земји не можат да влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.

Translate »