Докторите од Дебар нè поздравија: „Ние сме на работа, вие седете дома“
По повод новонастанатата ситуација во Република Македонија – коронавирусот, повеќепати министерот за здравство Венко Филипче, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски, укажуваат на превентивните и остри мерки за заштита од истиот и запирање на неговото ширење.
Како што знаеме во текот на вчерашниот ден во Дебар и општина Центар Жупа беше прогласена кризна состојба, а денес техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференцијата изјави дека “воведувањето на истата е најдоброто решение, а жителите не треба да паничат“.
Денес на Фејсбук профилот на д-р Арбен Аголи осамна и фотографија на која што тој и уште две медицински лица упатија порака до народот.
Со фотографија и транспарент, познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, преку својот Фејсбук профил им порача на сите граѓани на Република Македонија: „Ние сме на работа, вие седете дома“.