Видео од луксузната вила на Меси
Аргентинецот одлучил да ги послуша властите и да направи сопствен карактин. Лионел Меси, капитенот и најдобриот фудбалер на Барселона, моментално својата луксузна вила ја претворил во карантин.
Бил приморан да го направи тоа затоа што моментално Каталонија сериозно е погодена од коронавирусот. Веќе претходно сите фудбалски натпревари од Примере и Сегунде се одложени за оваа седмица.
Меси добил дозвола од властите – над неговата вила да се забранат летови поради заштита за животната средина, што не му се допаднало на претседателот на шпанската компанија Вуелинг Хавиер Санчез Пинто кој што изјавил:
„Не може да прелетате над местото каде што живее Меси. Тоа не се случува никаде на друго место во светот“ – изјавил тој.
Меси во 2009-та година донел одлука дека со целото семејство трајно ќе се пресели во Барселона, поточно во Баламар, престижното и скапо предградие Кастејдефелс во Барселона.
Куќите во ова подрачје не се продаваат за помалку од 4.5 милиони евра, но најдобрите куќи воглавно се продаваат за многу повеќе.
Меси оваа куќа ја платил 1.8 милиони евра, но во неа вложил шест милиони евра за реновирање и прилагодување по негов вкус. Куќата има огромен панорамски поглед кон каталонските брда и голем број отворени тераси.
Внатрешноста на куќата е украсена во медитерански стил со обоени ѕидови и дрвен под. Основниот и некомплициран декор на куќата ѝ дава удобно и модерно чувство. Бојата која што преовладува таму е беж и кафеава со светли подови и темна или пак кафеава гарнитура.
Куќата има теретана, а надвор од неа се наоѓа градина каде што Меси сака да го поминува своето време со сопругата Антонела Роуз и трите деца, Матео, Тијаго и Чиро, како и двете кучиња.