Во Бангладеш, запалиле дeвојка бидејќи пријавила сексуално вознемирување!
Девојка од Бангладеш, која го пријавила својот наставник за сексуално вознемирување била полеана со керозин и запалена од нејзините врсници. Пет дена по инцидентот девојката починала.
Нусрат Џахан Рафи е запалена две недели откако во полиција го пријавила наставникот за сексуално вознемирување.
Инцидентот со 19-годишната девојка се случи во Исламско училиште во градот Фени, 160 километри јужно од Дака. Таа го пријавила наставникот дека ја допирал на непримерен начин, а таа успеала да избега од неговата канцеларија.
Рафи го пријавила наставникот во полиција, при што тој бил уапсен. Но, локалните жители излегоа на улица и побараа од локалните власти наставникот да биде ослободен.
По смртта на Рафи одржани се протести во повеќе градови, а полицијата уапси 15 лица од кои седуммина учествувале во убиството.