Индија купува оружје од Русија вредно над 7 милијарди долари!
Индија моментално е еден од главните купувачи на руско оружје. Неодамна направениот договор и донесе на оваа азиска земја повеќе од 450 тенкови од Москва, вредни 1,93 милијарди долари. Оваа нарачка, меѓутоа, не е најголема.
Купувањето на 464 тенкови T-90 MS е одобрена минатата недела и дополнително ќе ги прошири резервите на руско оружје во индискиот арсенал.
Вториот, уште позначаен договор – вреден 5,43 милијарди – бил потпишан минатиот октомври, кога Индија нарачала пет S-400 антиракетни системи. Се очекува да бидат испорачани до 2020-та година.
Овој систем е способен да пресретне и уништи мети на далечина до 400 километри и може истовремено да се бори со шест мети.
Индија дала сигнал дека ќе продолжи со купувањето без разлика што САД го санкционираат секое купување на руско оружје.
Оваа земја веќе има повеќе од 1.000 тенкови T-90, од различни типови. Од почетокот на 2000-тите години има T-90S Bishma тенкови, специјално направени за условите во оваа земја.
Некои од нив се направени во Русија, додека други се составени во Индија од руски делови.
Индија купила и повеќе T-90M, надградени верзии на тенкот T-90S.
Индија има повеќе T-90 тенкови во службата од самата Русија, како и неколку постари T-72.
Индиските воздухопловни сили оперираат со повеќе видови руски авиони, вклучувајќи и стотина MiG-21. Последниот надграден одел, познат како MiG-21UPG Bison – може да се носи и со борбените авиони од 4-тата генерација. Ова летало е добро и за борба во воздух, како и за напад на мети на земја. Неодамна овој тип на авион бил вмешан во судир меѓу Индија и Пакистан, кога бил соборен еден од нив.
Меѓу помодерните руски авиони во службата на Индија се наоѓаат преку 200 Sukhoi Su-30MKI, направени специјално за потребите на Индија.
Една од неколкуте индиски подморници на нуклеарен погон INS Chakra всушност е руско пловило, познато како класата “Akula” според класификацијата на НАТО. Подморницата и е изнајмена на индиската морнарица во 2012-та година на 10 години.
Индискиот носач на авиони INS Vikramaditja е преработен советски ракетен брод. Индија го прави својот прв домашен носач INS Vikrant во Керала, а се очекува да биде готов до 2021-ва година.