Венко Филипче: Како до правилна домашна само-изолација?
Министерството за здравство сподели чекори кои треба да се следат за правилна домашна само-изолација.
- Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
- Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
- Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
- Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
- Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
- Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
- Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
- Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
- Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.