Нагло порасна бројот на заболени со коронавирус во Словенија, потврден 181 случај
Вкупно 181 случај на заболени со коронавирус се потврдени попладнево во Словенија, што е за 40 повеќе од вчера.
Податоците покажуваат дека 75 случаи има во Љубљана, 39 во Ново Место, 27 во Цеље и 13 во Марибор, соопшти владата на Твитер.