Видео: Паника и тепачка за храна во Шпанија поради коронавирусот

“Ова е чудна атмосфера. Никогаш не сум доживеала вакво нешто”, вели 34-годишната Андреа, која излегла да купи основни намирници.

Во продавниците сепак владее хаос , се грабаат најосновните прехрамбени производи.

Шпанија, со повеќе од 5700 случаи, е земја која вотора во Европа по Италија според бројот на заразени. Сите индикации се дека коронавирусот бил пренесен од Италија во Шпанија. Затворени се градинките, училиштата, музеите, базените, спортските сали, театрите, кината …

Владата воведе вонредна состојба и сите чекаат наредба за ограничување на движењето на жителите низ Шпанија.

„Ова ме потсетува на времето на Франко“, вели една постара дама додека излегува од нејзината зграда. „Луѓето полудеа.“ Диктаторот Франко управуваше со Шпанија од 1939 до 1975 година.

Полицијата во најголемиот градски парк Ел Ретиро ги повикува луѓето преку мегафонот да си одат дома.

Во последните денови празни се полиците во продавниците. Некои сметаат дека ќе дојде до затворање на супермаркетите, иако надлежните велат дека нема да има затворање на продавниците за намирници.

Затворањето на кафулињата и рестораните, каде Шпанците традиционално поминуваат многу време, ги исплаши многумина. Тие не можеа да замислат такво нешто.

„Ова изгледа како крај на светот“, рече Гонзало (37), во телефонско интервју ,кој не ја напушта куќата. Тој е државен службеник и работи од дома од средата. Излегувам само ако нешто е потребно, не сум хистеричен, но ги следам упатствата “, вели тој со силна кашлица.

На улиците, никој не бакнува никого во образот. Обичајот да се бакнуваат исчезна денеска низ цела Шпанија. Останува да се види како луѓето што се навикнати да поминуваат многу време на отворено, ќе се однесуваат сега кога им е наредено да не ги напуштат своите домови наредните две недели.

Translate »