Во општина Бутел официјално започна 14 – та ликовна колонија – Љубанци вечна инспирација на творците

Живописното село Љубанци сместено во подножјето на Скопска Црна Гора, пет дена ќе биде инспирација за осумнасет ликовни уметници од земјава и странство кои учествуваат на ликовната колонијата “Љубанци 2024”, која започна на 17-ти понеделник, а завршува во петок на 21-ви јуни. 

За  неколку дена на колонијата ќе бидат создадени триесет и шест уметнички слики со мотиви од старата љубанска архитектура, убавините на Скопска Црна Гора, апстрактни дела во акрилна и маслена техника на платно, како и скултури во обоено дрво и комбинирана техника. Главен покровител на ликовната колонија е општината Бутел во соработка со Детскиот ликовен центар – Скопје.

Во четврток ќе се одржи ликовниот хепенинг на дваесет и четири талентирани ученици од основните училишта во општина Бутел. Тие ќе се дружат со уметниците и ќе ги изработуваат своите творби инспирирани од убавините на Љубанци.

Во Љубанци оваа година ќе творат: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Илија Богоевски, Харалампие Манчев, Емилија и Стојче Тоциновски, Владан Ранѓеловиќ од Ниш, Р Србија, Боро Арсовски, Наташа Зафировска, Зоран Бошковски, Христина Стојчевска, Мики Трендафиловски, Сарита Конеска, Славица Трајчевска, Петар Беслаќ, Димко Спироски, Ахмед Кадри, Павел Јовановски.

Translate »