По шест часа, проработеа “Facebook” и “Instagram”, некои функции и натаму не работат. Која беше причината за падот?
До “Facebook” може да се пристапи, но и натаму има проблеми при споделувањето на содржините. “Messenger” проработел кај дел од корисниците кои имале проблем целата вечер да пристапат до оваа социјална мрежа.
Може да се пристапи и до “Instagram”, меѓутоа, околу полноќ, сепак не работеле сите функции, додека “WhatsApp” се уште не работи, барем за дел од корисниците.
“Искрено извинување до сите кои беа погодени од прекинот на работата на “Facebook”, имаме проблем со вмрежување и тимовите работат на тоа што е можно побрзо да се отстранат грешките и што побрзо да го вратат сервисот”, навел шефот на техничкото одделение на “Facebook” Марк Шафер на “Twitter”.
Од Фејсбук појаснуваат дека основната причина за прекинот била погрешната промена на конфигурацијата и тврдат дека немаат докази оти податоците на корисниците биле компромитирани во меѓувреме.