Заев: Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа по завршување на образованието ќе добие државни стимулации
Секој средношколец кога ќе матурира или пак студент кога ќе дипломира, доколку веднаш тргне на работа ќе добие државни стимулации.
Ова е неговата изјава:
„Младите тргнуваат на работа на 30 години, односно пред да стапат во брак. Секој што веднаш ќе тргне на работа на 18 години по средното училиште, или на 22-23 години по факултетот, ќе добие платени придонеси од државата и други стимуланси само да ги натераме да тргнат на работа“.
Премиерот Заев исто така додаде и дека ќе биде помогнато и практиканство, а целта е невработеноста кај младите да се намали на ниво од 17 отсто.
Инаку, придонесите ќе бидат платени од државата во првите години од вработувањето.