Игор Карачиќ ќе стане македонски зет!
„Да, да“, напиша 31-годишниот ракометар со фотографија на својата девојка како носи прстен и голем број на честитки со објавата.
Карачиќ повеќе од една година е во врска со Македонката Душица Андоновска, која ја запозна додека играл за Вардар.
„Браво мајсторе“, му честиташе пејачот Жељко Самарџиќ, а некои се шегуваа дека токму сега се верил со својата девојка за да не мора да организира свадба.