Заразената докторка држела и предавања, имала контакти со околу 300 луѓе. Дали треба и кривично да одговара?

Дали директорката на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Биљановска, треба да одговара и кривично, е прашањето што се поставува во јавноста, откако за неа е потврдено дека има коронавирус и со тоа е четвртиот случај заразен во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својата последна прес конференција изјави дека е разочаран, и дека таа се однесувала неодоговорно, бидејќи била во ризично подррачје, во Италија и не ги следела протоколите. По враќање од Италија не била дома во изолација, туку одела на работа пет дена.

Што стои во Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето. Во овој закон, во член 205 кој се однесува на пренесување заразна болест, го пишува следново.

„Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, се наведува во Кривичниот законик.

Translate »