Исповед на луѓе кои го преживеаја коронавирусот

„Температурата нон-стоп ми варираше. Едно утро имав 38.5, друго 37.2 за следното утро да имам 39.1“ – се присетува 34-годишниот маж.

Коронавирусот е поопасен отколку што се мислеше првобитно, а исповедтта на луѓето кои го прележале вирусот сведочи дека лечењето не е нималку едноставно.

Бројот на заболени од коронавирусот нагло расте, заразени се над 80 илјади луѓе, а починале најмалку 2.705.

Жртвите на вирусот вообичаено се постари луѓе, со слаб имунитет, но постојат и пријавени случаи на млади луѓе.

Коронавирусот е најопасен за оние кои имаат кардиоваскуларни болести, оние кои имаат дијабетес, хронично респираторни проблеми, хипертензија и рак.

Коронавирусот започнува и завршува во белите дробови затоа што и самата болест претставува болест на органот за дишење. Ваквата зараза се пренесува преку искашлување или пак кивање на заразените лица.

Симптомите на почетокот наликуваат на оние на обичен грип: пациентот чувствува грозница и кашлање. Потоа состојбата може да се влоши и да настане воспаление на белите дробови.

Хунаг (23) Вухан, Кина

Првиот пациент кој закрепнал од коронавирусот ил 23-годишниот Хуанг кој опишал како изгледа да сте заболени.

„Во рок од една седмица имав грозница и бев лечен во карантин. На почетокот имав главоболка, вртоглавица и малаксаност. Кога ситуацјата се влоши, појдов на болница. Инјекциите со пеницилин не успеаја да ми помогнат“ – се присетува тој и додава дека бил толку многу болен што не можел да се помрднува и дека постојано примал кислород.

Пенг (34) Хубеи, Кина

За среќа, овој млад човек на докторите им се јавил навреме така што сè завршило како што треба. Тој првите симптоми ги почувствувал на 27-ми јануари, а на доктор отишол една седмица кога почнал отежнато да дише.

„Температурата нон-стоп варираше. Едно утро Едно утро имав 38.5, друго 37.2 за следното утро да имам 39.1“ – се присетува 34-годишниот маж.

Јангјанг (28) Ченду, кина

Иако коронавирусот може да ги оштети белите дробови, жената со им Јангјанг успеала да го излечи вирусот, а потоа преку ЦТ скенер се утврдило дека со нејзините бели дробови се е во ред. 

Translate »