Турците масовно купуваат колонска вода поради коронавирусот
Голем број Турци панично купуваат колонска вода, која се користи како традиционално средство за дезинфекција на база на алкохол, по првиот потврден случај заразен со корнавирус во Турција минатата недела, објави Reuters.
„Мислам дека станува збор за купување во паника. Луѓето купуваат повеќе отколку што мислат дека колонската вода ќе исчезне“, изјави менаџер на продавница на еден од најголемите турски брендови за колонска вода во Анкара.
Домаќините во Турција според традицијата на гости носат колонска вода, традиционално со вкус на лимон, да се освежат и измијат раце.
Долги редици пред продавниците се формирале минатиот четврток во Анкара и во другите градови. Некои луѓе носеле и големи пластични шишиња.