Двајца браќа монструми крвнички ја убиле својата слепа мајка

Ужасен настан го потресе региoнот. Дејан Алексиќ (30) и неговиот брат Мартин (38), двајцата од Трговиште, кои се уапсени под сомнение дека ја убиле својата слепа мајка Јаворка (68), по крвавиот пир ја пресоблекле, и ја запалиле облеката и спиеле со неа во иста соба.

Браќата Дејан и Мартин Алексиќ, кои во петокот до смрт ја претепаа својата мајка Јаворка, ја запалиле нејзината облека и ја преслекле, а смртта ја пријавиле дури во понеделникот.

Три дена подоцна пријавиле во полицијата дека наводно починала, но набрзо се уапсени.

Неофицијално, мотивот за убиството најверојатно се парите зошто Јаворка живеела од социјална помош.

Ги криеле трагите

Страотното злосторство се случи во петокот во семејна куќа во Трговиште. Како што дознаваме, браќата се обиделе да ги скријат трагите од убиството.

-Ја запалиле целата нејзина крвава облека која ја носела кога брутално ја претепале и го облекле во друга нејзиниот труп. Тоа го направиле надвор од куќата. Потоа го вратиле телото во соба. Го запалиле шпоретот како таа да е жива, за да не биде сомнително дека во куќата нешто се случува. Ја средиле куќата за да ги скријат сите траги. Тука поминале три дена. Дури и спиеле тука и јаделе. Смртта на мајката ја пријавил најмалиот син Дејан, дури во понеделникот, вели извор близок до семејството.

Соседите наведуваат дека синовите со години наназад ја тепале и ја злоставувале мајката и тоа најчесто поради пари.

И скршиле и рака

– Тие беа многу распуштени деца, немаа пари, бараа од мајката и често ја тепаа кога немаше да им даде. Тие ја злоставуваа физички, и скришија и рака. Сакаа да пијат и тогаш ги правеа проблемите. Ја кршеа вратата и прозорците на куќата во алкохолизирана состојба. Не беа оженети, иако еден од нив донесе девојка, па ја избрка, каква црна женидба, раскажуваат соговорниците.

Тежок инвалид: Јаворка била слепа на едното око

Несреќната жена не гледаше на едно око. Покрај Дејан и Мартин имаше уште еден син кој живее одвоено.

-Тој е најстар, оженет и има дете, работеше како курир во училипте. Живее во куќа оддалечена од мајчината 500 метри. Тој е малку постабилен, се бори за егзистенција. Мартин работи како гробар во комуналното претпријатие, додека Дејан неколку пати беше во затвор, раскажуваат мештаните, наведувајќи дека куќата во која живеела Јаворка била трошна.

Translate »