Посен намаз од маслинки
Еве ги потребните состојки за намаз од маслинки:
200 g маслинки без семка
1 варен компир
малку лук (по желба)
сув магдонос
сол и црн бибер
1 мала лажичка сок од лимон
Маслинките убаво исчистете ги од семките и насечкајте ги на половинки или на четвртинки, компирот насечкајте го на мали коцки. Ставете ги и маслинките и компирот во блендер и додајте го магдоносот, солта, биберот, лукот и лимоновиот сок. Блендирајте дури не добиете густа и хомогена смеса.
Мачкајте на интегрален или потпечен леб.