Лазања со компири
СОСТОЈКИ:
- 1,5 кг. компири
- 200 гр. салама
- пола дл. масло
- 3 лажици брашно
- 7 дл. млеко
- бибер
- сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Направете бешамел така што ќе загреете масло со брашното и ќе ги пржите неколку минути.
- Додавајте постепено млеко со постојано мешање.
- Ставете сол и бибер и други зачини по вкус.
- Тргнете од оган и ставете ја ситно сечената салама.
- Во подмачкан плех редете ги излупените компири сечени на кругови со средна величина, па ставете го бешамелот со салама, па пак ред компири и запечете на 200 степени 35 минути Gotvi.mk