Груевски тврди дека дека нема докази против него за насилствата во Собранието

Поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ги отфрлил информациите во јавноста дека дал наредба за почеток на насилствата во Собранието на 27 април лани и изјави дека тоа не го направил ниту неговиот телохрантел, како што се наведува во обвинението за повикот од Виена.

-Да имаше „Д„ од докази против мене, јас немаше да бидам тука. Ќе бев заедно со лицата кои веќе ги уапсија, а кои не се виновни и на кои падна товарот за овој случај. рече Груевски одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на првото рочиште предметот „Титаник“ на СЈО.

Тој рече дека разговаарал со неговиот телохранител и од него добил одговор дека дента на 27 април 2017 разговарал само со неговата сопруга за семејни работи, како и со неговиот брат и исто така за семејни работиа и немало ништо повеќе од тоа.

Инаку, како што е веќе е познато во јавноста, брат на телохранителот на Груевски е Александар Василевски Нинџа, кој како што  стои во обвинението на 27 април лани добил повик од НН лице од оебезбедувањето на Груевски да почне акцијата за упад во Собранието.

Груевски рече дека овие наводи што се во јавноста за 27 април и случаите пто се водата против него во СЈО, се за „одвлекување на вниманитето на јавноста од вистиските проблеми како што е она со името и од грешките што го прави актуелната власт“.

Прашан кој ги нарачува овие случаи, Груевски рече дека „тоа е оној за чии грешки не сака да се зборува во јавноста“.

Поранешниот премиер наведе дека и на денешното рочиште за „Титаник“ се чувствувал притисокот кон судиите што побрзо да ги завршат предметите против него низ повеќе рочишта закажаи во набиена агенда со што како што кажа се кршат паравата на обвинетите. Flesh.mk

Translate »